Репрезентативецот на Македонија, Арјан Адеми ова лето би можел да го напушти Динамо Загреб, а како потенцијална дестинација се споменува Русија.
Руските медиуми објавија дека Спартак Москва и ЦСКА Москва се заинтересирани да го доведат Адеми во своите редови. Актуелната цена на трансфер пазарот на Адеми изнесува околу пет милиони евра, меѓутоа се очекува Динамо да бара повеќе затоа што неговиот договор има важност до 2023 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Адеми и во претходниот преоден рок се поврзуваше со заминување од Динамо меѓутоа тогаш иако имаше понуди се реши да остане. Во Динамо потоа се случија некои проблеми поради што си замина тренерот Бјелица, па ситуацијата е поинаква.
Ако Адеми го напушти Динамо тоа ќе биде првпат македонскиот репрезентативец да игра надвор од Хрватска. Претходно го носеше дресот на Шибеник и Локомотива.