Дома Фудбал „Се додека не се појави Меси немав видено играч како Роналдо“

„Се додека не се појави Меси немав видено играч како Роналдо“

Сегашниот прв тренер на Селта Виго, Оскар Гарсија како играч голем дел од кариерата помина во Барселона каде што имаше прилика да биде и соиграч со големиот Луис Назарио Де Лима Роналдо.

Многумина кои го гледале ако ги прашате ќе ви кажат дека тоа е најдобриот напаѓач на сите времиња и покрај големите проблеми со повредите кои ги имаше. Гарсија сега за „Марка“ зборуваше за Бразилецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имав среќа што можев да го гледам одблиску, видов колку брзо може да се движи, на сите противници им беше тешко да го запрат. Уште на тренинзите видовме дека тој е различен играч кој ќе ни помогне“.

„Сите кои го гледавме знаевме дека ќе биде голема ѕвезда, но најмногу внимание ни привлече со неговата скромност. Се однесуваше исто кон сите, се шегуваше, а многу брзо стекна и самодоверба. Се додека не се појави Меси немав видено играч како него“, објасни Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: На кого „милионите“ ќе му донесат среќа?

Денес продолжуваат полуфиналните дуели од Лигата на шампиони, па очите на фудбалска Европа…