Плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен јавно призна дека нема да може да ја одбие Барселона доколку Каталонците испратат понуда за него.
Ериксен имаше фантастична сезона во дресот на „спарси“, беше најдобар асистент во Премиер лигата, а медиумите шпекулираат дека е трансфер цел на Барселона.
Иако неодамна го продолжи договорот со Тотенхем, сепак Данецот признава дека нема да може да и каже НЕ на Барселона.
„Барселона е голем клуб, и ретко кој успеал да и каже НЕ на Барса. Се гледам себеси како во иднина играм на највиско ниво, сонувам за тоа”, изјави Ериксен.