Поранешниот спортскиот директор на Милан, Мирабели во јавноста уште еднаш потврди дека Кристиано Роналдо бил пред потпис во Милан.
Во 2017 година Милан премина во рацете на кинески сопственици кои веднаш вложија 230 милиони евра на трансфер пазарот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мирабели потврди дека го договорил трансферот на Роналдо, но на крајот не добил дозвола од сопствениците.
„Тоа беше нешто за што зборувавме со неговиот агент Жорге Мендеш. Знаевме дека има проблеми меѓу Реал и Роналдо, но тогаш кинеските газди го блокираа договорот бидејќи беше прескап. Со сегашните газди, Роналдо ќе беше фудбалер на Милан“, вели Мирабели.
Милан следното лето беше преземен од американската компанија „Елиот менаџмент“, ставајќи крај на едногодишната „авантура“ на Ли.