Дома Фудбал Продолжува сезоната и во Чемпионшип!

Продолжува сезоната и во Чемпионшип!

Новинарот на англиски Телеграф, Џон Перси вечерва објави дека сезоната во Чемпионшип ќе продолжи на 20. јуни.

Откако Премиер лигата доби зелено светло за продолжение од 17. јуни, Чемпионшип доби дозвола за продолжение на сезоната од 20. јуни.

Во Чемпионшип до крајот на сезоната останаа уште девет кола и доигрувањето за пласман во ПЛ.

После 37 одиграни кола водечки на табелата е Лидс со 71 бод, еден повеќе од ВБА и скоро сигурно е дека овие два тима ќе играат во ПЛ следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скопје ја бара втората победа во Куманово, Гроздановски верува во пресврт

По првиот сезонски триумф над Арсими, Скопје гостува кај Башкими во директна пресметка за …