Дома Фудбал Англија Операцијата на Азар успешно извршена – го пропушта почетокот на новата сезона

Операцијата на Азар успешно извршена – го пропушта почетокот на новата сезона

Белгискиот фудбалер Еден Азар успешно е опериран во понеделник, а според првичните информации надвор од терените ќе биде најмалку три месеца.

Капитенот на белгиската репрезентација тешко го повреди десниот скочен зглоб на тренинг во пресрет на квалификациските натпревари, а снимките покажале дека Азар доживеал фрактура на десниот скочен зглоб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неговиот клуб Челзи соопшти дека операцијата минала добро, но и дека нивниот најдобар фудбалер ќе го пропушти почетокот на сезоната, која во Англија започнува на 12 август.

„Сè мина во најдобар ред, сега го започнувам патот на враќање. Ќе бидам уште посилен“, напиша Азар на својот твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…