Дома Фудбал Интер ја откри иднината на Ешли Јанг и Санчез

Интер ја откри иднината на Ешли Јанг и Санчез

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио потврди дека е активирана опцијата за продолжување на договорот со Ешли Јанг и истакна дека клубот има за цел да го задржи Алексис Санчез.

Јанг пристигна од Манчестер Јунајтед во јануари и потпиша шестмесечен договор со опција за уште една година, па сигурно ќе остане во Милано и следната сезона.

Аусилио исто така истакна дека Интер сака да го задржи и Алексис Санчез и да му даде шанса да се докаже.

„Можам да кажам дека ја активиравме опцијата за Јанг. Наша цел е да ги задржиме сите, вклучително и Алексис Санчез. Тој играше добро пред да се повреди, посебно против Барселона и Сампдорија. Тука потсети на најдобрите сезони со Удинезе и Арсенал, но немаше среќа. Сега тоа може да го искористи во овие преостанати мечеви за да добие втора шанса“, изјави Аусилио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед останува без посакуваниот напаѓач? Калверт-Луин пред нов договор со Лидс

Доминик Калверт-Луин е блиску до продолжување на соработката со Лидс, додека Манчестер јун…