Дома Фудбал Останато Toп 10 највредни клубови во светот: Реал Мадрид на врвот!

Toп 10 највредни клубови во светот: Реал Мадрид на врвот!

Реал Мадрид е највредниот клуб на светот според анализата на реномираниот „КПМГ“.

Една од четирите најпознати организации за проценување на вредност ги одреди вредностите на европските клубови и на врвот се најде Реал Мадрид.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Кралевите“ се тешки скоро три ипол милијарди евра. Нивната вредност точно изнесува 3.478 милиони евра и со тоа го држат врвот.

Зад Реал е Манчестер Јунајтед кој вреди нешто повеќе од 3.3 милијарди евра, а потоа следат Барселона, Баерн и Ливерпул.

Интересно е дека помеѓу највредните 10 нема ниту еден италијански тим. Највреден од Италија е Јувентус чија вредност изнесува нешто повеќе од 1.7 милијарди евра.

ТОП 10 НАЈВРЕДНИ КЛУБОВИ ВО СВЕТОТ:

Реал Мадрид – 3.4 милијарди евра

Манчестер Јунајтед – 3.3 милијарди евра

Барселона – 3.2 милијарди евра

Баерн Минхен 2.8 милијарди евра

Ливерпул – 2.6 милијарди евра

Манчестер Сити – 2.5 милијарди евра

Челзи – 2.2 милијарди евра

Тотенхем – 2 милијарди евра

ПСЖ – 1.9 милијарди евра

Арсенал – 1.8 милијарди евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан го сака братот на ѕвездата на ПСЖ

Милан го насочиле вниманието кон братот на ѕвездата на ПСЖ, Гела Дуе, кој исто така игра в…