Играчот за врска на Реал Мадрид, Каземиро ставил потпис на нов договор со „кралевите“ до 2023 година, пренесува „Марка“.
Весникот откри дека договорот е потпишан уште пред неколку месеци, но „кралевите“ решиле да не ја објавуваат веста јавно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каземиро дојде во Реал во 2013 година и долго чекаше на своето деби за Реал, а откако доби шанса стана клучен играч во тимот на Зидан.
Бразилецот формира одличен среден ред заедно со Модриќ и Крос кој освои три титули во Лигата на шампиони.
28-годишноиот играч за врска е мета на многу европски гиганти, но тој останува верен на „кралевите“.
#LaPortada Casemiro para rato https://t.co/JR8yyofOjH
— MARCA (@marca) May 27, 2020