Дома Видео Необично изведување на слободен удар во Бундеслигата стана хит на интернет

Необично изведување на слободен удар во Бундеслигата стана хит на интернет

Волфсбург на гостувањето кај Баер Леверкузен славеше убедливо со 1:4.

После минималното водство во првото полувреме гостите одиграа фантастично и во продолжение и ја наполнија мрежата на „Фармацевтите“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Волците“ вториот погодок го постигнаа во 64. минута. Од слободен удар стрелаше Макс Арнолд откако Баер падна во стапица на госите.

Јосип Брекало зема залет, играчите на Волфсбург пред живиот ѕид се поместија со намера како да шутира Хрватот, а тогаш следуваше изненадување.

Арнолд кој цело време стоеше мирно одеднаш направи неколку чекори, шутираше ниско и погоди. Ова гостите со сигурност го вежбале на тренинг…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Лапорта пред неделните избори го спомена и Влаховиќ и откри што е клучно за Барселона

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта говореше пред неделните избори за бројни теми, осо…