На фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл не му е јасно зошто на медиумите во Шпанија им пречи неговата љубов кон голфот.
Велшкиот фудбалер е познат како голем фан на голфот и поради тоа често пати добива критики.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На многумина им смета што играм голф. Не знам зошто е тоа така. Разговарав многу за тоа и поголемиот дел од нив мислат дека нема никаков проблем. Меѓутоа медиумите цело време пишуваат дека би било подобро да одмарам за да избегнам подобри“, изјави Бејл, па продолжи.
„Погледнете што се случува во Америка. На пример Стеф Кари игра голф во истиот ден кога има натпревар. Ако јас играм два дена пред натпревар одма сите ќе ме нападнат“, се пожали Велшанецот.
Ќе потсетиме, Бејл во ноември ги налути навивачите на Реал откако пласманот на Велс на Европското првенство го славеше со знаме на кое пишуваше: Велс, голф, Реал. По тој редослед.