Дома Топ вести За ова дете зборува цел свет: Го сакаат Барса, Јувентус и Милан (видео)

За ова дете зборува цел свет: Го сакаат Барса, Јувентус и Милан (видео)

18-годишниот Лазар Самарџиќ е роден во Берлин, игра за Херта и важи за еден од најголемите таленти во Европа.

Скаутите на европските гиганти веќе подолго време ги следат настапите на Самарџиќ, а тренерот Лабадија му даде шанса да дебитира за првиот тим на Херта минатото коло во дербито против Унион Берлин.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За неговиот потпис интерес покажуваат Барселона, Милан и Јувентус, клубови кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Самарџиќ оваа сезона за младинскиот тим на Херта постигна 14 гола и запиша 10 асистенции, па привлече големо внимание на себе.

Тој игра на позиција офанзивен играч за врска и ги помина сите младински селекции на германската репрезентација, а има повик и од српската сениорска репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…