Дома Фудбал Клоп ‘онлајн’ договори големо засилување?

Клоп ‘онлајн’ договори големо засилување?

Странските медиуми пренесуваат дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп договорил големо засилување за својата екипа.

Станува збор за напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, кој во последните неколку години, а посебно оваа сезона прикажува одлични игри.

Новинарот Рафаел Хонигштајн тврди дека пред неколку недели Клоп одржал онлајн состанок со Вернер и дека се договориле за соработка.

„Коронавирусот прави големи проблеми во фудбалот, а тоа исто се случува и со трансферите на играчите. Сепак, состанок помеѓу Клоп и Вернер е одржан, барем тој онлајн, каде се е договорено.“ – изјави Хонигштајн.

Останува да видиме дали овој трансфер ќе се реализира, а сигурно дека Вернер ќе биде големо засилување за нападот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тага во хрватскиот фудбал: Почина 23-годишниот Ковачевиќ, ден претходно беше на терен

Ариан Ковачевиќ настапи во победата на Раднички од 4:0 против Белје, а следниот ден клубот…