Дома Топ вести Рагник во Милан ја носи ѕвездата на Лајпциг

Рагник во Милан ја носи ѕвездата на Лајпциг

Ралф Рагник е на чекор од превземање на Милан и изгледа дека во наредните денови двете страни ќе стават потпис на договорот.

Тој од Милан побарал договор на пет години, но и големи овластувања. Наводно Рагник сака во клубот да доведе 20-тина свои луѓе и тоа доволно зборува колку сериозно го сфаќа целиот проект.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Германецот ќе добие голем буџет за трансфери, а негова најголема желба е Марсел Сабицер од Лајпциг.

Австрискиот репрезентативец блеска во дресот на Лајпциг, каде пристигна токму по препорака на Рагник, кој сега сака да го донесе со себе во Милан.

Сабицер оваа сезона има 16 гола и 9 асистенции, а неговата цена во моментов изнесува помеѓу 30 и 40 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Проблем за Тухел: Баерн ослабен во реваншот против Реал Мадрид

Во среда на програмата во Лигата на шампионите е реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхе…