Дома Трансфер зона Барса очајно сака да се ослободи од Дембеле

Барса очајно сака да се ослободи од Дембеле

Управата на Барселона очајнички се обидува да го продаде играчот од кој многу се очекуваше, а тоа е Осман Дембеле.

Клубот неколку пати ја намалуваше цената за играчот, меѓутоа никој не сакаше да плати толку пари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во Барселона се подготвени за неверојатен потег, а тоа е да ја симнат неговата цена за дури 37 милиони евра.

Причината зошто тоа е неверојатно е што го платија 130 милиони евра и ќе бидат во голема загуба со негов трансфер.

Дембеле веќе три години го носи дресот на Барса, но не ги оправда очекувањата, а оваа сезона е повеќе повреден отколку што играл.

Вкупно за Каталонците одигра 74 натпревари и постигна 19 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Пет трансфери кои би можел Манчестер Сити да ги оствари во јануари 2026 година

Манчестер сити минатата година во јануари потроши речиси 200 милиони фунти на нови играчи,…