Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед има астрономски долгови

Манчестер Јунајтед има астрономски долгови

Долговите на англискиот гигант Манчестер Јунајтед се зголемија поради пандемијата од коронавирус. Финансиските податоци на клубот за првиот квартал на 2020 година веќе ги покажуваат сериозните последици од кризата.

Пред почетокот на пандемијата, долговите на „црвените ѓаволи“ изнесуваа 141 милиони евра, а сега тие пораснаа на сума од 477 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од 31 март, буџетот на Јунајтед беше нешто над 100 милиони евра, со тоа што клубот има пристап до дополнителни 166 милиони евра, еден вид кредит што ќе обезбеди „финансиска флексибилност за поддршка на клубот за прекинот предизвикан од COVID-19“.

Приходите од емитување на натпреварите за првата четвртина се само 28 милиони евра, што е за повеќе од 50% помалку од минатогодишните 53 милиони евра.

Годишните приходи опаднаа за 19%, а голем удел во ваквата состојба има и фактот дека Јунајтед игра во Лига Европа, а не во Лигата на шампиони.

Фактот дека преостанатите натпревари на „црвените ѓаволи“ ќе се играат без публика ќе има дополнително влијание врз приходите од натпревари и продажба на билети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…