Наполи покажува силен интерес за напаѓачот на Гремио и бразилски репрезентативец, Евертон, пренесуваат италијанските медиуми.
Наполи е во потрага по крилен напаѓач, а прва желба на Гатузо е Евертон кој сакаше да го донесе Бразилецот уште додека беше тренер на Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Извршниот директор на бразилскиот клуб, Клаус Камара, го потврди интересот за Евертон, но истакна дека се уште не пристигнала официјална понуда.
23-годишниот напаѓач веќе подолго време е на радарот на многу европски клубови, а Гремио за неговата слобода бара мнајмалку 40 милиони евра.
Тој веќе дебитираше за бразилската репрезентација и важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка.