Дома Трансфер зона Милан преговара со млада холандска ѕвезда

Милан преговара со млада холандска ѕвезда

Милан е заинтересиран за младата ѕвезда на АЗ Алкмар, Мајрон Боаду, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се работи за фудбалер кој игра во нападот, има само 19 години, а оваа сезона едноставно експлодираше.

Боаду постигна 20 голови за АЗ и запиша 13 асистенции што го направи еден од најголемите потенцијали на холандскиот фудбал. Ако на тоа додадеме дека за репрезентацијата веќе настапи на еден натпревар и постигна гол, тогаш е јасно дека се работи за играч од кој се очекува многу.

Младиот Боаду на трансфер пазарот вреди 18 милиони евра, а Милан веќе започнал преговори со неговиот агент Мино Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…