Дома Останати Кошарка НБА „Џордан во Последниот танц лаже и зборува глупости“

„Џордан во Последниот танц лаже и зборува глупости“

Поранешниот кошаркар на Чикаго Булс, Хорас Грант не се согласува со многу работи од документарецот „Последниот танц“ кој ја опишува кариерата на Мајкл Џордан.

Грант и Џордан никогаш не беа во добри односи. Во документарецот повторно беше кажано како Грант бил еден од изворите кој открил што се случувало во соблекувалната на Чикаго Булс во книгата на Сем Смит, „Џордановите правила“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Сакам да кажам дека документарецот е забавен, но ние кои му бевме соиграчи знаеме дека 90% од тоа е сра*е. Лага, лага, лага… Ако Џордан нешто ми замерува, нека дојде да разговараме како луѓе. Авторот на книгата, Сем Смит и јас сме добри пријатели, но никогаш не би откривал тајни од соблекувалната“, кажа Грент.

Поранешниот член на златната генерација на Чикаго додава дека кога некој е против Џордан, тогаш Ем Џеј ќе направи се за да го уништи.

„Тој докажа дека сака да ме вознемири за време на самопрогласениот документарец. Кога ќе кажете нешто за него, веднаш ќе ве исече, ќе се обиде да ја уништи вашата личност“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…