Фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане дефинитивно одби да го продолжи договорот со „граѓаните“, кој му истекува следното лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
24-годишниот Германец наводно веќе се договорил со Баерн и по секоја цена инсистира на трансфер во Минхен.
Поради тоа Сити ќе биде приморан да го продаде ова лето, а првата понуда на Баварците била 40 милиони евра, која била одбиена.
Преговорите помеѓу двата клуба ќе продолжат во наредните недели и се очекува наскоро двата клува да постигнат конечен договор.
Ќе постетиме, Сане во текот на летото беше блиску до Баерн меѓутоа се пропадна кога играчот се повреди во натпреварот од Комјунити Шилд.