Лилиан Турам е меѓу најдобрите десни бекови во историјата на Фудбалот, Легендарниот Французин обележи една ера и многумина го паметат како играч во одбраната преку кој тешко се поминува.
Турам во текот на кариерата како на репрезентативен така и на клупски план играше против најдобрите напаѓачи, меѓутоа еден му задавал најголема главоболка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Можеби е изненадувачки, но Турам за играч кој му правел најголеми проблеми го избра брзоногиот Педро Мунитис.
Турам него го памети по натпреварот на Европското првенство во 2000 година. Шпанецот во тој натпревар беше кошмар за Турам кој над него направи и пенал.
„Не паметам имиња на играч и стадиони. Меѓутоа на Мунитис се сеќавам одлично. Тој е играч кој ми создал најмногу проблеми на теренот. Се запрашав кој е овој, кај игра…Денес во својата канцеларија имам негова фотографија бидејќи почитта е нешто кое мора да се негува“, порача легендарниот Французин.