Тренерот на Бриж откри дека напаѓачот Емануел Денис најверојатно ќе го напушти белгискиот клуб во летниот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нигериецот оваа сезона воодушеви со настапите за белгискиот клуб, постигна 12 гола и 5 асистенции во својата прва сезона и постигна дури 7 гола во Лигата на шампиони.
Арсенал веќе испратил понуда за Африканецот тешка 22 милиони фунти, но интерес за Денис покажуваат уште Вуверхемптон, Њукасл и Лестер.
„Многу е веројатно дека Денис ќе не напушти. За него постои голем интерес, а Премиер лигата е секако чекор напред во кариерата“, изјави тренерот.