Дома Фудбал Останато Карлос нема дилеми кој е најдобар на сите времиња: Ниту Нејмар, ниту Роналдо, ниту Меси – никој не е како него!

Карлос нема дилеми кој е најдобар на сите времиња: Ниту Нејмар, ниту Роналдо, ниту Меси – никој не е како него!

Во недостаток на спорт поради пандемијата од коронавирусот расправата за најдобар фудбалер на сите времиња е една од главните теми. Сега во таа расправа се вклучи и легендарниот Бразилец, Роберто Карлос.

Бразилската легенда смета дека ниту Кристиано, ниту Меси не се најдобри. Како најдобар го наведе неговиот сонародник Роналдо со кој во 2002 година стана светски шампион.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Тој човек доминираше на тренинзите. Беше најдобар и никој никогаш нема да биде како него. Ниту Нејмар, ниту Кристиано, а ниту Меси не можат да се споредуваат со него. Беше единствен“, изјави Карлос.

Како аргумент го наведе тоа што во негово време според него играле посилни играчи во одбраната.

„Мислам дека тогаш беше потешко да се постигне гол, дефанзивците беа навистина силни, но Роналдо сепак правеше се што ќе посака“, порача Карлос кој пет години го носеше дресот на Реал.

Неодамна Роналдо пак изјави дека е срамно тоа што играч како Карлос никогаш не ја освоил Златната топка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид без влкана на јазикот: Бев подобар од Левандовски и Халанд

Во интервју за една емисија, прославениот напаѓач, кој остави силен впечаток во дресовите …