Дома Фудбал Останато „Лордот“ призна: Бев зависник од покер, изгубив околу седум милиони евра

„Лордот“ призна: Бев зависник од покер, изгубив околу седум милиони евра

Поранешниот напаѓач на Арсенал и уште неколку европски клубови Никлас Бендтнер ја препознал својата зависност од „Тексас Холдем“ покер кога имал само 19 години.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ова хоби знае скапо да ги чини професионалните фудбалери кои не можат да се контролираат кога ќе дојдат во ситуација да имаат милиони на својата сметка. Така и Бендтнер познат кај сите по прекарот „Лорд“ како млад играч на Арсенал уживал во славата и париета, но добар дел од парите трошел и на играње покер.

Додека играл во англиската престполнина призна дека бил зависник од оваа игра и играјќи изгубил повеќе од седум милиони евра.

„Тешко е сега да се каже точниот износ на пари кој сум го изгубил, но веројатно е околу седум милиони евра. Секогаш можам да го контролирам тоа ако сакам. Меѓутоа се обложувам на големи суми. Една ноќ во Лондон работите излегоа од контрола и можев навистина лошо да завршам“, призна Бендтнер.

Денес и понатаму игра покер, меѓутоа со далеку помали износи и на тоа гледа како на интересен начин да го исполни своето време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…