Барселона и Интер се силно заинтересирани за левиот бек на Ајакс и аргентински репрезентативец, Николас Таљафико.
Таљафико минатата сезона одигра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти и има договор со Ајакс до 2022 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, самиот Аргентинец потврди дека сака да ја промени средината ова лето и се надева дека Ајакс нема да му стои на патот.
Таљафико треба да биде ново решение за зголемување на конкуренцијата за Жорди Алба, откако Жуниор Фирпо не ги оправда очекувањата.
Од друга страна пак Антонио Конте сака да донесе нов лев бек и Таљафико е првата желба на италијанскиот гигант.
Ајакс за неговата слобода бара 30 милиони евра, па останува да видиме дали споменатите клубови се спремни да ја платат оваа сума.