Дома Трансфер зона Лацио ја одреди цената за СМС, Реал спремен да ја плати

Лацио ја одреди цената за СМС, Реал спремен да ја плати

Сергеј Милинковиќ Савиќ веќе неколку преодни рокови наназад се поврзува со заминување од Лацио, но барем засега се уште е во клубот.

Пред кризата направена од пандемијата со коронавирусот Клаудио Лотито не сакаше да слушне да го продаде за сума пониска од 120 милиони евра, меѓутоа сега ситуацијата сега е поинаква.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Италијанските медиуми денес пишуваат дека Лацио сега ќе се согласи да го пушти Савиќ и за 80 милиони евра.

Реал Мадрид е спремен да ја плати оваа сума и претставници на „кралскиот“ клуб се во постојан контакт со менаџерот на СМС и ќе направат се за да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…