Дома Фудбал Англија Позициите на менаџерите: Мурињо и Клоп против Гвардиола и Лампард

Позициите на менаџерите: Мурињо и Клоп против Гвардиола и Лампард

Жозе Мурињо, Јирген Клоп, Карло Анчелоти и Рој Хоџсон се менаџерите кои најсилно ја поткрепуваат идејата за продолжување на сезоната во Премиер лигата.

Ова стана јасно после конференцискиот видео разговор организиран вчера од Асоцијацијата на менаџери во Премиер лигата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Специјалниот“ бил најкатегоричен па дури и го изјавил следното пред колегите: „Ако не сакате да играте, останате дома и гледајте Бундеслига“.

Според „Мирор“ во другата група менаџери кои тврделе дека не треба да се брза со продолжување на сезоната биле Пеп Гвардиола, Френк Лампард, Најџел Персон…

Денес раководството на Премиер лигата има средба со спортските власти кои треба да дадат „зелено светло“ за продолжување на сезоната. Рестарот на сезоната треба да биде на 12-ти или 19-ти јуни, а натпреварите клубовите ќе ги играат на своите стадиони, а не на неутрален терен како што имаше предлог.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Можевме тогаш, веруваме и денес: Вака пред 13 години Македонија ја прегази Данска! (Видео)

Maкедонската фудбалска репрезентација вечерва ја чека натпревар против Данска во полуфинал…