Лаутаро Мартинез во јавноста на големо се поврзува со Барселона и тоа не е некоја новост.
Се споменуваат разни опции со кои напаѓачот би завршил на „Камп Ноу“. „Мундо Депортиво“ денес на својата насловна страна објави вест во која пишува дека Лаутаро сака само во Барселона. Се споменуваше ПСЖ, меѓутоа од тоа тешко дека ќе има нешто.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека во оваа вест на шпанскиот медиум може да има вистина покажува и едно видео снимено пред три години.
Лаутаро на видеото има смао 20 години, а тогаш трансферот во Интер не беше ниту во најава. Како член на Расинг одговораше на прашање.
Еве за што станува збор:
Омилен клуб? – Барселона!
Лига во која сакаш да играш? – Ла Лига!
Најдобар играч на неговата позиција? – Луис Суарез!
Меси или Марадона? – Меси!
2017 #Lautaro pic.twitter.com/zr6ALd1thb
— Actualité – Barça (@ActualiteBarca) May 13, 2020
Значи, јасно е Барселона е клуб за кој Лаутаро сонува да заигра. Ако Каталонците се спремни помеѓу 1. и 15 јули да платат за него 111 милиони евра тогаш Интер нема решение да го задржи затоа што во тој период на сила е клазулата во неговиот договор. Сепак, Барселона се обидува во зделката да вклучи и играч(и) за да ја намали цената.
Еден од играчите кои би можел да биде интересен за „нероаѕурите“ е Артуро Видал кој имаше одлична соработка со Антонио Конте во Јувентус. Како и да е следи летото и ќе видиме како сето ова ќе се заврши.