Дома Фудбал Италија Милан на средба со Раиола – се решава судбината на Ибра и Донарума

Милан на средба со Раиола – се решава судбината на Ибра и Донарума

Извршниот директор на Милан, Иван Газидис во следните денови ќе има средба со Мино Раиола, а тема на разговор ќе биде иднината на Златан Ибрахимовиќ и Мино Раиола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По заминувањето на Звонимир Бобан, во раководството на Милан има своевиден „хаос“, па јасно е дека и Паоло Малдини ќе ја напушти директорската функција на крајот на сезоната.

Во моментов Газидис е прв човек во раководството, па тој ќе има средба со Раиола, која ќе ја одреди иднината на Ибрахимовиќ и Донарума.

Швеѓанецот има договор со „росонерите“ до крајот на сезоната, а Милан ќе се обиде да го задржи и следната сезона, па е спремен да му понуди плата од 4 милиони евра. Меѓутоа, тешко дека Ибра ќе прифати да остане без претходно да разговара со новиот тренер на тимот.

Што се однесува до Донарума тој има договор до 2021 година и доколку не ја продолжи соработката ова лето ќе мора да биде продаден.

Самиот Донарума преферира да остане во Милан, но преговорите за нов договор не се одвиваат најдобро, па „росонерите“ се спремни да слушнат понуди за него, но не помали од 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дибала сè поблиску до заминување, за неговата замена Рома ќе мора да издвои 55 милиони евра!

Рома бара засилувања во офанзивниот ред бидејќи се очекува Пауло Дибала да го напушти клуб…