Дома Топ вести Манчестер Јунајтед најде нов напаѓач во Португалија

Манчестер Јунајтед најде нов напаѓач во Португалија

Еден од приоритетите на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на нов напаѓач.

Англиските медиуми тврдат дека Солскјер има нова мета, а станува збор за напаѓачот на Бенфика, Карлос Винисиус, за кого клубот од „Олд Трафорд“ планира да издвои 35 милиони фунти ова лето.

25-годишниот напаѓач има четиригодишен договор со Бенфика и откупна клаузула од 88 милиони фунти, но португалскиот клуб е спремен да преговара.

Бразилскиот напаѓач имаше одлична сезона пред паузата, бидејќи на 33 одиграни натпревари постигна дури 20 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…