Хамес Родригез е на излезна врата од Реал Мадрид и неколку европски гиганти се борат за неговиот потпис.
Колумбиецот помина две сезони во Минхен, но Баварците не сакаа да го откупат неговиот договор, па се врати во Реал каде не добива голема минутажа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хамес се поврзува со клубови од Премиер лигата и Серија А, но колумбиските медиуми се сигурни дека тој ќе се пресели во градскиот ривал, Атлетико Мадрид.
„Реал сака да врати дел од вложените пари за него и сигурно ќе го продаде. Луѓе блиску до Хамес ми кажаа дека 80% трансферот за завршен и ќе се пресели во Атлетико Мадрид“, изјави колумбискиот новинар Хавиер Бонет.
ICYMI | James Rodríguez is staying in Madrid
— AS English @ ? (@English_AS) May 12, 2020
…but more than likely signing for Atleticohttps://t.co/3pDoBF0EWS