Дома Фудбал Добра вест од УЕФА: Македонските клубови ќе играат европски квалификации!

Добра вест од УЕФА: Македонските клубови ќе играат европски квалификации!

Имаше предлози, но УЕФА одби да го менува системот на квалификации за Лигата на шампионите.

Британски „Тајмс“ вчера објави дека УЕФА би можела да ги скрати или целосно да ги укине квалификациите за Лигата на шампионите.

За среќа на македонските клубови тоа нема да биде случај. УЕФА ќе го задржи постоечкиот систем, па сите клубови и од нашата земја кои оствариле пласман во квалификавиите ќе одиграа европски натпревари.

„УЕФА никогаш не разгледувала можност да ги оневозможи националните шампиони да се обидат да се квалификуваат во Лигата на шампионите. До денес не се развиени посебни можности за промена на форматот на квалификациите за европските натпреварувања“, јасно се наведува во дел од соопштението од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандерленд ја затвори вратата: Броби не е за продажба во јануари

Интересот за Брајан Броби расте, но Сандерленд не планира зимска разделба. Напаѓачот има д…