Дома Трансфер зона Милан преговара за две холандски ѕвезди (видео)

Милан преговара за две холандски ѕвезди (видео)

Италијанскиот гигант Милан е сериозно заинтересиран за двајца млади холандски таленти, пренесуваат медиумите на Апенините.

Станува збор за 18-годишниот напаѓач на АЗ Алкмаар, Мајрон Боаду, кој ги импресионираше сите оваа сезона со своите настапи. Боаду има договор со АЗ Алкмаар до 2023 година, но за неговиот потпис интерес покажуваат многу европски гиганти.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Вториот играч е Дензел Думфрис од ПСВ. Станува збор за десен бек кој е одличен како во дефанзива, така и во офанзива. Оваа сезона одигра 22 меча во сите натпреварувања на кои постигна 4 гола и запиша 4 асистенции.

„Знам дека моите агенти водат преговори со Милан. Треба само да почекате и да видите, не можам друго да кажам“, изјави Думфрис.

23-годишниот Холанѓанец има договор со ПСВ до 2023 година и неговата цена во моментов изнесува 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…