Дома Фудбал Легендата на Италија разочаран од Киелини: Тоа што го кажа не е достојно за еден капитен

Легендата на Италија разочаран од Киелини: Тоа што го кажа не е достојно за еден капитен

Изјавата на Киелини за Фелипе Мело и Марио Балотели (тука) предизвика бура од реакции во италијанската јавност.

Разочаран од изјавата на капитенот на Јувентус е легендарниот италијански фудбалер Марко Тардели. Тардели смета дека еден капитен треба да ги учи соиграчите само за респект кон другите.

„Навистина многу сум разочаран од коментарите на Киелини кој е капитен а Италија и Јувентус, тој е важен човек во асоцијацијата на фудбалери. Омраза кон некој играч или клуб носи само враќање на омразата. Кога јас играв од моите капитени Дино Ѕоф и Гаетано Ширеа учев само за почит кон противникот“, напиша Тардели.

Освен коментарите за Балотели и Мело, Киелини и јавно кажа дека го мрази Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Минути во Реал нема, но Мурињо има желба за Ендрик кај Анчелоти

Ендрик добива малку простор во Мадрид, а Мурињо се надева дека напаѓачот ќе игра повеќе во…