Барселона е сериозно заинтересирана за играчот за врска на Лион, Бруно Гимараеш, пренесуваат шпанските медиуми.
22-годишниот фудбалер игра како последен играч за врска и со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а веќе го доби и епитетот „новиот Бускетс“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бруно пристигна во Лион во јануари за 20 милиони евра од Атлетико Параненсе и веднаш ја покажа својата класа. Тој покрај одличната техника, има одличен преглед на игра, и е одличен во скок дуелите.
Бруно го привлече вниманието на себе во осминафиналниот дуел од ЛШ против Јувентус, кога доминираше на средината на теренот.
Барселона верува дека Бразилецот ќе биде идеален населедник на Бускетс.