Наполи е во потрага по замена за Дрис Мертенс, кој ќе го напушти клубот ова лето, а италијанските медиуми тврдат дека потрагата завршила во Русија.
Имено, Наполи е во напредни преговори со ѕвездата на Зенит, Сердар Азмун, кој може да се пресели во Серија А за 15 милиони евра, тврди „Газета дело Спорт“.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Азмун има 25 години, игра на повеќе позиции во нападот а во моментов на трансфер пазарот вреди околу 15 милиони евра.
Единствен проблем за Наполи е тоа што играчот е од Иран и ќе мора да заземе едно од двете места за регистрација на фудбалери кои не се од Европа.