Искусниот уругвајски напаѓач Едисон Кавани веќе седум години е член на француски ПСЖ.
Напаѓачот во 2013. година пристигна од Наполи, а веќе неколку години наназад се поврзува со заминување од клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така е и ова лето. Кавани има договор до 30. јуни со ПСЖ и има можност да бира нова средина, а интересот за неговите услуги е огромен.
Кавани се поврзува со Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид и Њукасл, но угледниот Л’Eкип тврди дека 33-годишниот фудбалер на крајот може да остане во Париз.
Томас Тухел го сака во своите редови и следната сезона. Наводно, ПСЖ ќе му понуди нов договор и нема да биде никакво чудо ако Кавани остане во ПСЖ.
Тој во претходните седум години одигра 300 натпревари и постигна 200 погодоци, што го прави најдобриот стрелец во историјата на клубот.