Во последните години популарно е фудбалерите да објавуваат автобиографии, а тоа сега го направи и капитенот на Јувентус Џорџо Киелини.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговото дело под името „Ја Џорџо“ предизвика реакции затоа што Киелини беше остар кон некои негови соиграчи. Прстот го впери кон Марио Балотели и Фелипе Мело.
„Двјацата ме разочараа и можам да потврдам се што напишав во книгата. Балотели е негативец кој никого не почитува, па ниту тимот. Некои луѓе го сметаа за еден од најдобрите пет напаѓачи во светот, но за мене тој не не е ниту во топ 20“.
Сепак, за Киелини Балотели не е најлош.
„Фелипе Мело е најлошиот помеѓу најлошите. Не можам да ги поднесам луѓето кој не покажуваат почит кон никого и кои секогаш одат контра. Додека беше тука атмосферата секогаш беше на работ на инцидент. На директорите им кажав дека тој е скапано јаболко во тимот“.
„Овие двајца ги поминаа сите граници. За мене не е проблем ако одиграш лошо или ако излезеш да се забавуваш, проблем е тој недостаток на почит“, изјави Киелини.