Дома Останати Oткриена непозната приказна: Тајсон сакал да го претепа Џордан!

Oткриена непозната приказна: Тајсон сакал да го претепа Џордан!

Документарецот на Мајкл Џордан кој секој понделник се емитува на Нетфликс стана мега популарен и додека светот ги чека 7-та и 8-та епизода поранешниот менаџер на Мајк Тајсон раскажа една до сега непозната приказна за јавноста.

Рори Холовеј се грижеше за кариерата на Тајсон до 1998 година, а во својот мемоар кој го објави откри дека десет години претходно бил сведок на една непријатна сцена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тајсон и Џордан биле гости на роденден кај поранешната ѕвезда во НФЛ, Ричард Дент. На таа забава Тајсон претерал со пиењето коктели. Во тоа време тој беше во брачна врска Робин Гивенс, девојка со која претходно излегувал и Џордан. Кога Тајсон бил во видно алкохолизирана состојба сакал да го претепа Мајкл.

„Највистина Мајк испи многу таа вечер, а кога тој ќе се напие сите негови чувства излегуваат на површина. Кога забележав, му кажав на келнерот да престане да му носи пијалоци затоа што знаев кон што води тоа. Мајк во еден момент го погледна Џордан и му кажа: Мислиш дека сум глупав? Знам дека си ја е*ел мојата кучка! Џордан изгледаше како да видел дух, а Тајсон бараше да му признае. Му беше навистина непријатно, Џордан правеше се за да избега. Едвај ја смирувавме ситуацијата, цело време ја менувавме темата, Мајк зборуваше дека сака да го претепа“, раскажа Холовеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…