Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев уште еднаш покажа дека сака да помага.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неодамна Пандев објави дека ќе го донира дресот со кој го одигра 100. натпревар во дресот на Македонија и средствата ќе ги донира за болницата 8. септември во Скопје.
Сега е објавен и начинот на кој ќе се одвива оваа акција.

Пандев ја стартуваше акцијата и во неа ќе може да учествува секој кој ќе донира пет евра на крајот еден среќен добитник ќе го добие дресот.
Линкот за учество можете да го пронајдете на Инстаграм профилот на Пандев. Наградната игра ќе трае уште шест дена.