Дома Македонски спорт Мак фудбал Бејтулаи го раскина договорот со Хелсингборг

Бејтулаи го раскина договорот со Хелсингборг

Македонскиот репрезентативец  Егзон Бејтулаи повеќе не е член на Хелсингборг, откако спогодбено го раскина договорот со шведскиот клуб.

Бејтулаи побарал раскин на договорот поради лични причини, па заминува од шведскиот клуб без ниту еден настап.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Во јануари годинава Бејтулаи потпиша договор на три години. Нашиот одбранбен играч моментално се наоѓа во Македонија и не може да ја напушти поради пандемијата.

„Морам да бидам дома од семејни причини. Ова беше најдобро решение, бидејќи не сум во можност да го дадам својот максимум. Наидов на разбирање од страна на раководството на клубот и поради тоа сум благодарен. Не е секогаш како што планирате и се надевате, но му посакувам се најдобро на клубот“, истакна Бејтулаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…