Тренерот на „Старата Дама“, Маурицио Сари верува дека Жоржињо е играчот кој му е потребен во тимот по заминувањето на Емре Чан и лошата форма на Рабио и на Рамси.
Италијанските медиуми тврдат дека Сари повторно ќе се обиде да го купи и со него да го реши проблемот во средината на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус сака да му ја исполни желбата и веќе спремил понуда од 40 милиони евра за Жоржињо. Сепак, прашање е дали Челзи ќе дозволи заминување на Италијанецот бидејќи тој е многу важен дел од тимот на Лампард.
Поранешниот играч на Наполи по заминувањето на Сари од Челзи продолжи да игра во добра форма, оваа сезона запиша 7 гола и две асистенции на 37 натпревари во сите конкуренции.