Раководството на Барселона го промени плановите и нема да купува централен дефанзивец ова лето, пренесиваат шпанските медиуми.
21-годишниот Роналд Арухо од младинскиот тим ќе биде прекомандуван во првиот тим и ќе ја има улогата на четврт дефанзивец заедно со Жерард Пике,Клеман Ленгле и Самуел Умтити.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Во исто време Жан Клер Тобидо ќе биде продаден за да бидат засилени други зони од тимот. Арухо го привлече вниманието на Валверде уште минатата сезона кога во неколку наврати го повика во првиот тим.
Барселона верува дека младинецот има голем потенцијал и квалитет да игра за првиот тим, па буџетот за дефанзивец ќе биде потрошен за други приоритети.
Притоа, Барселона сака да доведе врвен дефанзивец, а финансиската ситуација не дозволува да се потрошат големи пари за засилување на одбраната.
Nice to see you guys again … pic.twitter.com/niMn6K9MZO
— FC Barcelona (from ?) (@FCBarcelona) May 6, 2020