Дома Фудбал Италија Убави фотографии од тренингот на Болоња: Михајловиќ повторно трча

Убави фотографии од тренингот на Болоња: Михајловиќ повторно трча

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ е блиску да ја победи леукемијата.

Шефот на стручниот штаб на Болоња во последните денови се чувствува се подобро, а тоа го потврдуваат и денешните фотографии од тренинг центарот на овој клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Михајловиќ за првпат после подолго време почна да трча. Како што пренесува „Кориере дело Спорт“ тој трчал околу еден час пред во тренинг центарот да пристигне директорот Рикардо Бигон со кој Михајловиќ разговарал пред да го напушти тренинг центарот.

Ќе потсетиме, поранешниот ас на Лацио и Интер се бори со лекуемијата од минатото лето и во ниту еден момент не се откажа од водењето на екипата иако многу време помина и во болница.

Изгледа дека сме блиску до продолжување на Серија А, а кога тоа ќе се случи веројатно и ќе го гледаме Михајловиќ на клупата на Болоња во секој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…