Дома Трансфер зона Билд: Сане се договорил со Баерн Минхен!

Билд: Сане се договорил со Баерн Минхен!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане наводно се договорил со шампионот на Германија.

Според информациите на германскиот „Билд“ Сане се договорил со Баерн за соработка на пет години. Германскиот шампион сега треба да го убеди Манчестер Сити да се раздели со својот играч.

Првата понуда наводно изнесувала 40 милиони и тука би требало да се види во која насока ќе одат преговорите.

Сане пристигна во Англија пред четири години од Шалке имаше три добри сезони пред во август минатата година да ги скине лигаментите коленото.

Ќе постетиме, Сане во текот на летото беше блиску до Баерн меѓутоа се пропадна кога играчот се повреди во натпреварот од Комјунити Шилд.

За Манчестер Сити Сане одигра 134 натпревари, постигна 39 гола и запиша 45 асистенции.

Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…