Дома Трансфер зона Реал Мадрид и Барса го сакаат „новиот Лукаку“ (видео)

Реал Мадрид и Барса го сакаат „новиот Лукаку“ (видео)

Се очекува нова трансферна борба на Реал Мадрид и Барселона и тоа за 16-годишниот талент на Гимараеш, Еркулано Набиан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот е висок 182 сантиметри, па според конституцијата и чувството за гол во Португалија веќе го нарекуваат „новиот Лукаку“.

Набиан постигна 43 гола во младинските категории во последните две сезони и е сензација во португалската репрезентација до 17 години за која има 4 гола на девет меча.

За него интерес покажуваат португалските гиганти Порто, Бенфика и Спортинг, како и ПСЖ и Монако.

Како што е познато, Барселона веќе го купи неговиот сонародник Франциско Тринкао од Брага за 31 милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…