Дома Фудбал Германија Неверојатно: Играч на Шалке пронајден жив откако 4 години беше прогласен за мртов!

Неверојатно: Играч на Шалке пронајден жив откако 4 години беше прогласен за мртов!

Од Германија ни доаѓа една неверојатна фудбалска приказна, откако Хјаник Камба, поранешниот фудбалер на Шалке, се појави жив и здрав четири години откако се веруваше дека загинал во собраќајна несреќа.

Хјаник Камба беше прогласен за мртов по една сообраќајка во 2016 година која се случила во неговата родна држава, Конго.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сепак, сега четири години откако Камба беше прогласен за мртов, како што пишува „Билд“ тој бил пронајден жив во областа Рур во Германија.

Поранешниот десен бек се појави во германската областа Рур, каде што почнал да работи во една енергетска компанија и на колегите почнал да им раскажува за неговата „лажна смрт“, јавува „Билд“.

Неговото семејството пред четири години од осигурување добило голема сума на пари. Осигурителните компании се сомневале во посмртницата на Камба, но сепак исплатиле сума од шест цифри на неговата сопруга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Милан испрати нова понуда за најдобриот играч во Белгија

Од Милан испратиле нова понуда за играчот од средината на терен на Бриж Ардон Јашари, кој …