Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра откри интересна анегдота со легендарниот тренер, Сер Алекс Фергусон.
Фергусон многу се налутил кога играчите се качиле во клупскиот автобус без да се поздрават со насобраните фанови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Искрено кажано бевме многу изморени и веднаш се качивме во автобусот, а пред него имаше редица од фанови. Никој не застана и сите се влеговме во автобусот. Погледнав од прозорецот и видов како Фергусон дели автограми на фановите. Им даде автограм на сите, се потпипуваше цели 45 минути. Тогаш си реков, кога ќе се качи во автобус готови сме“, раскажува Евра.
„Кога влезе во автобусот почна да вика: Што се замислувате вие? Овие луѓе ви ја плаќаат вашата плата. Тие доаѓаат да ве гледаат вас. Сега слегувајте и да им дадете автограм на сите“, откри Французинот.