Дома Топ вести Нејмар во нов обид за враќање во Барса: Одбил 100 милиони евра од ПСЖ, спремен е и да тужи

Нејмар во нов обид за враќање во Барса: Одбил 100 милиони евра од ПСЖ, спремен е и да тужи

Каталонските медиуми упорно пишуваат за желбата на Нејмар да се врати во Барселона и најавуваат дека Бразилецот ќе се обиде да издејствува враќање на „Ноу Камп“ ова лето.

Нејмар и минатото лето се обидуваше да се врати, Барелона го сакаше и преговори имаше, тоа се потврди и од двете страни. Сепак на крајот до договор не дојде, Барселона не успеа да ги задоволи апетите на клубот од Париз.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Летото кое следи ќе биде нова прилика за Нејмар и Барселона. Коронавирусот го промени фудбалот и трансфер пазарот, па затоа тешко ќе биде Барселона тешко ќе може да го плати она што ПСЖ го бара. Меѓутоа, Нејмар е спремен да оди подалеку. Според, пишувањето на „Мундо Депортиво“, Нејмар во Париз одбил продолжување на договорот кое би му донело „чисти“ 100 милиони евра за потпис, додека условите би му останале исти како сегашните (50 милиони евра по сезона од платата во клбуот и спонзорскиот договор со Националната банка на Катар).

Тоа не е единствената финансиска жртва која Нејмар бил спремен да ја даде, наводно дури и би ја преполовил својата плата. Со тоа Нејмар би се вратил на платата која ја имаше пред да дојде во Барселона.

Ако тоа не биде доволно да добие зелено светло, Бразилецот би можел и да го тужи ПСЖ. Нејмар има уште две години од договорот и според правилата  во статутот на ФИФА играчот има право да тужи и да бара трансфер во странство кога ќе одработи три години во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Де Брујне најави заминување од Сити

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот на крајот на се…