Вчера Илија Несторовски по неколку дена пауза го продолжи својот серијал „Нестор ТВ“. Гостин на Нестор вчера беше Бобан Николов.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Помеѓу другото Николов во разговорот откри дека можеби ќе се пресели во Џенова кај Пандев.
Нестор му постави прашање за неговата иднина, а Николов одговори:
„Чекам Пандев да заврши работа за Џенова. Нема кој да му асистира“, одговори Николов.
Покрај ова Николов додаде и дека учи и италијански па значи дека овој трансфер може да се случи во преодниот рок кој ќе следи. Инаку, во Унгарија Николов има уште една година од договорот со Фехервар.